Loading Video...
Фудбал
11. October 2021 - 22:44

(ВИДЕО) Германците на убедлив начин ни се реваншираа за поразот во Дуизбург

 
 
Македонската фудбалска репрезентација не успеја по втор пат да остане непоразена во дуел со Германија, а во рамките од квалификациите за Светското првенство во Катар следната година. 
 
Во натпреварот од 8.коло на „Ј“ квалификациската група одигран вечерва на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, репрезентацијата на Македонија беше убедливо поразена од фаворизираната Германија.
 
Гостите доминираа уште од самиот почеток, но благодарение на разположениот на голот Столе Димитриевски, по првиот дел резултатот остана поениот 0-0.
 
Затоа по само пет минути игра во вториот дел (50-та), по брзиот контра напад Германците дојдоа до посакуваното водство со голот на Каи Хаверц 
 
По овој гол како да се распадна нашата одбрана, па со двата гола на Тимо Вернер (70-та и 74-минута), и Џамал Мусиала во 83-тата минута,  гостите на крајот славеа победа со коненечни 4-0. 
 
Со оваа победа, Германија веќе го обезбеди првото место во групата, а со тоа и пласманот на мундијалот, па сега во последните две кола ќе се решава околу втората позиција и место во баражот. 
 
Романија сега е втора на табелата, со 1 бод предност од Македонија и Ерменија селекција која Романците вечерва ја победија со 1-0 , па тие сега имаат 13, а нашата и ерменската селекција останаа на 12 бодови. 
 
Во последните две кола, на 11-ти ноември, Македонија ќе гостува во Ереван кај Ерменија, а три дена подоцна, во последната рунда, во Скопје, ќе ја пречекама селекцијата на Исланд.