Loading Video...
Спорт плус
23. September 2018 - 0:10

ВИДЕО: Џошуа со нокаут го победи Поветкин на спектаклот на „Вембли“

Ентони Џошуа пидодаде уште еден шампионски појас во својата колекција. 

 
28-годишниот Британец, го доби спектакуларниот меч против десет години повозрасниот Александар Поветкин со нокаут во седмата рунда.
 
Во мечот кој се одржа на „Вембли“ во Лондон, пред 90.000 гледачи, Русниот шест рунд беше оној кој доминираше, напаѓаше и успеваше да го раздрма Џошуа во повеќе наврати. 
 
Сепак. Младиот Британец, како да ја научи лекцијата на половина од предвидениот меч (беа предвидени 12 рунди), па во седмата ја презеде иницијативата. 
 
Со серија удари најнапред го прати Поветкин на подот во нокдаун, по кој Русинот само за кратко остана на нозе, за веќе со наредната серија на неколку удари, Поветкин повторно се најде на земја, по што судијата во рингот беше принуден да го прекине мечот. 
 
Ова беше 22-та победа во исто толку мечеви за Џошуа, а дури 21-ва која ја заврши со нокаут на противникот. 
 
Покрај четирите шампионски појаси во ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ верзиите, Џошуа заработи и над 40.милиони фунти, додека поразениот Поветкин го збогати своето парично конто со речиси 7.милиони фунти. 
 
Сега со нетрпение се очекува декемврискиот меч (1 декември) меѓу предизвикувачот Тајсон Фјури и шампионот во ВБЦ верзијата, кој треба да го даде и следнот противник на Џошуа во мечот за обединување на сите пет титули во тешка категорија.