Фудбал
15. November 2017 - 8:50

(ВИДЕО) Данска последна европска селекција што избори пласман на СП

Данска ја победи Република Ирска со убедливи 5:1 во реваншот од баражот за Мундијалот 2018 и стана 30. учесник на планетарниот фудбалски собир во Русија.
 

Данците синоќа во Даблин предводени од Кристијан Ериксен, полесно од очекувањата изборија учество на Светското првенство. На првата средба во Копехаген резултатот беше 0:0.

Ирците поведоа во 6. минута преку Шон Дафии и тоа е се што направија на овој дуел. Следуваше канонада кон нивниот гол. Најпрво Андреас Кристенсен во 29. минута изедначи, а потоа Ериксен погоди три пати (32, 63 и 74. минута). Конечниот резултат го постави Никлас Бентнер во 90. минута.

 
 
 
Денеска ќе се знае претпоследниот патник на Мундијалот во Русија. Од 10 часот играат Австралија – Хондурас (0:0 прв натпревар).
 
Последниот учесник на шампионатот ќе биде познат вечер по полноќ по средбата Перу – Нов Зеланд (0:0 прв дуел).