Фудбал
5. February 2017 - 12:24

(ВИДЕО) Буркина Фасо ја освои бронзата на Купот на африканските нации

 
Фудбалската репрезентацијата на Буркина Фасо го освои бронниот медал на Купот на африканските нации кој се одржува во Габон.
 
Во интересен и неизвесен натпревар за третото место, селекцијата на Буркина Фасо славеше против Гана со 1-0, благодарение на прекрасниот погодокот на Алаин Траоре предпоследната минута од натпреварот (89).
 
Ова е втор медал за Буркина Фасо на Африканското првенство, земја која пред четири години на шампионатот одржан во Јужна Африка загуби во финалето од Нигерија со 1-0.
 
Вчерва (20 часот) во мечот за златото ќе се борат селекциите на Камерун и Египет, а тоа ќе биде третпат овие две селекции да играат во финалето.
 
За Камерун ова ќе биде седмо финале, а на досегашните шест Камерунците четири пати го освојувале златниот медал (1984, 1988, 2000, 2002). Египет пак ќе атакува на осмото злато (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010) во своето девето финале.