Кошарка
17. February 2017 - 10:24

(ВИДЕО) Батлер од слободни фрлања му донесе победа на Чикаго во Бостон

 
Во пресрет на „Ол стар“ викендот ноќеска во НБА лигата се одиграа само два натпревара, а на еден од нив победникот беше решен со слободни фрлања во последната секунда. Џими Батлер беше прецизен за победа на Чикаго на гости кај Бостон со 104:103.
 
На теренот на ривалот се радуваше и Вашингтон кој убедливо со 111:98 ја совлада Индијана.
 
 
 
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 47-9, Сан Антонио 43-13, Хјустон 40-18, ЛА Клиперс 35-21, Јута 35-22, Мемфис 34-24, Оклахома Сити 32-25, Денвер 25-31,...
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 39-16 (победи-порази), Бостон 37-20, Вашингтон 34-21, Торонто 33-24, Атланта 32-24, Индијана 29-28, Чикаго 28-29, Детроит 27-30,...