Фудбал
13. February 2017 - 9:29

(ВИДЕО) Атлетико со пресврт ја победи Селта

 Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа во против Селта Виго со 3:2, во дуел од 22.коло на шпанската Примера. 
 
На средбата одиграна на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, иако гостите во два наврати имаа предност сепак домашните фудбалери на крајот се радуваа на победа и тоа со голот на Антоан Гризман во 88.минута.
 
Покрај овој натпревар, вчера се одиграа и средбите: 
Виљареал – Малага 1:1, 
Легањес – Спортинг Хихон 0:2 и 
Лас Палмас – Севиља 0:1. 
Претходно:
Еспањол – Реал Сосиедад 1:2,
Бетис – Валенсија 0:0,
Алавес – Барселона 0:6,
Атлетик Билбао – Ла Коруња 2:1 и
Осасуна – Реал Мадрид 1:3.
 
Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Еибар – Гранада.
 
Табела: Реал Мадрид 49 бодови (натпревари помалку), Барселона 48, Севиља 46, Атлетико Мадрид 42, Сосиедад 41, Виљареал 36, Атлетик Билбао 35,...