Loading Video...
Фудбал
24. March 2019 - 14:46

(ВИДЕО) Ангеловски: Очекувам добра атмосфера на трибините и добар натпревар

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, вечерва во Љубљана ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за ЕП 2020 година. 
 
Македонските репрезентативци во Љубљана, се обидат да ја остварат втората победа во новиот евро-квалификациски циклус. По триумфот над Летонија (3-1), избраниците на Ангеловски во позитивна атмосфера и со голема самодо0верба го очекуваат вечерашниот дуел против Словенија. 
 
Средбата ќе се игра на стадионот „Стожице“,кој е со капацитет од 16.000 седишта, а според најавите црвено-жолтите ќе имаат голема поддршка од „Македонската Фаланга“. Над 2.000 Македонци ќе им даваат поддршка на Пандев и соиграчите кои пак ќе сторат се да ја остварат и четвртата победа во петтиот меч против оваа селекција. 
 
Но, задачата нема да биде лесна бидејќи двете селекции имаат квалитетни играчи, смета македонскиот селектор Игор Ангеловски.     
 
 
И неговиот колега на спротивната страна Матјаж Кек очекува тежок меч, а и тој посакува поддршка од трибините, како неговите избраници би ја оствариле целта, освојување на трите бода. 
 
Дуелот од групата Г меѓу Словенија и Македонија ќе се игра утревечер од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе се игра и средбата Полска - Летонија, додека мечот меѓу Израел и Австрија започнува од 18 часот.