Македонија
11. December 2019 - 10:33

Видел полиција во својот двор и ја фрлил чантата со дрога, уапсен гостиварец

Синоќа  околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.

Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.