Бизнис
9. September 2017 - 20:09

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во работна посета на рудникот „Саса“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во работна посета на рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Маекдонска Каменица. Анѓушев со првите луѓе на рудникот разговараше за состојбата во секторот, исполнувањето на европските норми и стандарди во секојдневното работење, заштитата на животната средина и подобрување на статусот на рударите.

- Во тек е подготовка на активности околу подобрување на состојбата на работниците во рударството за кои размислува Владата, па во склад со тоа ние го информиравме раководството на „Саса“ што планираме во таа насока. Тие се спремни за соработка, спремни се да го подобрат живото и стандардот на рударските работници-изјави Кочо Анѓушев, Вицепремиер во Владата на Р.М.

Од раководството искажаа подготвеност и за континуирано истражувањата на рудните наоѓалишта во околината, со цел продолжување на животниот век на рудникот. Вицепремиерот ги информираше и за планираните владини мерки за поддршка на развојот на сите домашни компании, исто како и за странските инвеститори кои работат во рамки на бесцаринските индустриски зони во земјава.