Вицепремиерот Пешевски во работна посета на САД
Вицепремеирот за економски прашања, Владимир Пешевски од денеска е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
За време на посетата, информираат од неговиот кабинет, вицепремиерот Пешевски и економскиот промотор во САД, Дејан Величков, ќе остварат директни средби со високи преставници на десетина компании од сојузните држави Илиноис, Висконсин и Индијана.
Компаниите со кои ќе се остварат работни средби се од областа на автомобилската, авио и медицинската индустрија, производство на делови за индустриски погони, аутсорсинг услуги и други. Станува збор за реномирани компании, помеѓу кои се и компании од Fortune 500 листата.
- На средбите подетално ќе се презентираат можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија. Со дел од компаниите разговорите се веќе во понапредна фаза на договарање и постои можност некоја од компаниите официјално да го објави нивниот инвестициски проект во Република Македонија, велат од кабинетот на Пешевски.
Република Македонија, додаваат, е особено интересна дестинација за американските компании и на нашиот пазар веќе се присутни светски познати компании како што се Џонсон Контролс, Кемет Електроникс и Амфенол.
- Доказ за одличната соработка и големиот интерес на американските компании да инвестират во земјата е и денешното отворање на новата фабрика АРЦ Аутомотив Македонија, инвестиција на американската Кап Кон од 18 милиони евра во која се најавени 400 нови вработувања, потенцираат од кабинетот на Пешевски.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево