Македонија
23. October 2017 - 8:29

Вицепремиерот Османи во посета на Франција

Заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Франција, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Османи во Париз ќе има средби со министерката за европски прашања Натали Лоазо, со Емануел Ленан, советник во кабинетот на премиерот Едуар Филип и со Сабине Тилае, претседател на Комисија за европски прашања во Националното собрание.

Предвидена е средба и со Бертранд Соре, претседател на Француско-македонската група во Националното собрание на Франција.

Вицепремиерот Османи, како што е најавено, ќе ја искористи посетата за да им ги претстави на високите претставници на Франција, напредокот во процесот на европска интеграција, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на политичките пречки кои ѝ стојат на Република Македонија на патот на европските и евроатлантските интеграции.