Балкан
23. April 2019 - 10:28

Вицепремиерот на Косово ги повикува Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли сподели статус на Фејсбул каде ги повикува Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас.

-Го ценам непречен развој на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа земја. Албанците ја збогатија политичката понуда со кандидатурата на професорот Блерим Река и со поддршката на консензуалниот кандидат. Сега е време што во вториот круг во името на унапредувањето на нивниот статус во уставната рамка, Албанците да се здружат во поддршка на тој кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република северна Македонија. Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.