Бизнис
9. September 2017 - 9:27

Вицепремиерот Анѓушев во посета на рудникот „Саса“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица каде ќе оствари средба со раководството на рудникот.

На средбата ќе се разговара за состојбата и предизвиците во рударскиот сектор, како и за тоа како да се развива оваа гранка согласно европските стандарди. Ќе стане збор и за тоа како да се подобри статусот на работниците во рударскиот сектор. 

Ново на Сител