Вицепремиерот Анѓушев во посета на компаниите Баумер и Комфи Ангел
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид во градежните работи на производствениот погон на компанијата Баумер во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик).
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, предвидено е во административната зграда во ТИРЗ Скопје 1 да биде потпишан и договор за државна помош со компанијата Баумер.
Вицепремиерот Анѓушев ќе реализира и работна посета на компанијата Комфи Ангел во Прилеп, каде ќе реализира куса средба со менаџментот на фирмата, по што заедно ќе извршат обиколка на производствениот погон.
Вво Прилеп, вицепремиерот за економски прашања ќе присуствува и на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, каде ќе оствари средба со стопанственици од градот и пелагонискиот регион.
Ново на Сител
-
Aмбасада на САД: Постои зголемен ризик од терористички напад во Северна Македонија
-
МВР: Приврзаници на ИСИС подготвувале терористички напади
-
Хасани: Извршени две операции над 20-годишната девојка, се уште е во критична состојба
-
Вее снег низ Македонија - АМСМ препорачува внимателно возење
-
Апел до битолчани: Исчезната Даниела Пецевска е видена во близина на Безистен
-
Ампутирана ногата на 20-годишната девојка што беше тешко повредена во автобуската несреќа
-
ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Македонија тагува по 14-те загубени животи
-
Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар поради обилни снежни врнежи