Спорт плус
26. January 2017 - 19:29

ВФМ ги прогласи најдобрите во 2016 година

Во друмски велосипедизам кај сениорите најдобар е Никола Лефков од клубот Енерџи, кај јуниорите Денис Колевски од Вело М и кај кадетите Александар Чавлевски.

 Мастерс признанието му припадна на Зоран Ристовски од ВК, Вело М додека кај дамите најдобра е Анета Антовска од Оксижен.

Најдобар клуб е Вело М  од Куманово.

Во конкуренциј ана Планински велосипедизам најдобар сениор е Филип Петрески од Оксижен  , Мастерс признанието е за Љубиша Кондев додека кај жените најдобра е Анета Антовска.

Екипно најдобар клуб е Оксижен од Скопје.

Присутните ги поздрави претседателот на ВФМ Сашо Димитриоски кој истакна дека оваа година федерацијата слави 70 години јубилеј и таа традиција мора да се негува со макотрпна работа целосно исполнување на зацртаната програма.