Здравје
28. February 2017 - 13:16

Вежбањето освен на телото имаат многу позитивно влијание и на мозокот

 
Физичките вежби, а особено аеробните, имаат многу позитивно влијание на мозокот. Постојат многу научни докази дека вежбањето создава неврогенеза, што претставува формирање на нови неврони и поправка на старите. Бидејќи мозокот е воглавном направен од неврони, високото ниво на неврогенеза е добра индикација за здрав мозок.
 
Група научници од Универзитетот во Отава објавиле докази дека вежбањето, освен телото, го зајакнува и мозокот.
 
Учењето на нов спорт или некоја вежба за првпат, ја предизвикува способноста на мозокот да ги ремоделира своите конекции, а неврогенезата се активира најмногу по подолг период на аеробно вежбање – во многу поголем степен отколку при вежбањето со високи интервали.
 
Што се случува во мозокот кога, на пример, наместо да кревате тегови, трчате подолг период?
 
Најочигледен и релативно непосреден ефект е т.н „runner’s high”, односно тркачки „хај“. Тоа е чувството кога после еден или два часа аеробна вежба, се чувствувате еуфорично подолг период. Ова чувство е предизвикано од природните опојни дроги кои телото ги создава за време на вежбањето, бидејќи овие хемикалии влијаат на деловите на мозокот поврзани со емоционалното процесирање – всушност, вашето тело обезбедува доза на природен антидепресив.
 
Во студијата на научниците од Универзитетот во Отава се вели дека постои уште една хемикалија наречена VGH која се зголемува по аеробично вежбање, но дека не се знае нејзината комплетна функција.
 
Тие работеле со глувци кои не биле нормални – имале генетска дисфункција која предизвикувала отежнато чекорење и движење, како и скратен век на живот. И двете работи биле асоцирани со генетска деградација на малиот мозок, дел од мозокот кој ги контролира физичките движења.
 
Научниците откриле дека генетското оштетување кај глувците можеле да го „поправат„ на два начина – или да им дадат голема доза VGF или да ги стават да трчаат на трака. И во двата случаи глувците живееле подолго, се движеле нормално и покажале позитивни резултати во врска со поправање на инфраструктурата на мозочните ткива.
 
За жал, дозата VGF која им била давана на глувците е невозможно да биде дадена на ист начин и кај луѓето, бидејќи тоа било извршено преку вирусна инфекција.
 
Тоа значи дека VGF во форма на пилула никогаш нема да биде достапна за нас, па единственото решение да се „издрогирате“ со оваа супстанца ќе биде да ги врзете патиките и да се „зафатите„ со трчање.