Македонија
23. јуни 2018 - 9:40

Вежба за евакуација во случај на земјотрес во Скопје

Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина, денеска на платото пред болницата ќе се одржи вежба за евакуација на пациенти, повредени, пресонал и посетители во случај на земјотрес.

На вежбата,  што се одржува во рамки на Иницијативата за подготвеност и првенција од катастрофи на земјите од Југоисточна Европа – DPPI SEE,  ќе учествуваат припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, на Црвениот Крст на Република Македонија, како и гости од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија, Бугарија и Турција. (МИА)