Македонија
26. May 2017 - 17:04

Вежба на АРМ и Црвентиот Крст за спасување при кризни состојби

Укажување на прва помош на полесно и потешко повредени од експлозивна направа преку сопирање на крвавења, имобилизација на повредите, извлекување и евакуација до повисоките здравствени установи.

Припадниците на АРМ и волонтерите на Црвениот крст, преку заедничка показна вежба која се реализира како дел од активностите за одбележување на 25 години од постоењето на АРМ, покажаа високо ниво на координирани активности во спасување на животи при замислена кризна ситуација. Како и многупати досега, и денеска покажавме дека може заеднички да работиме, но и во иднина да продолжиме да соработуваме, посочија од Цевениот крст.

Првата помош е најважна за спасување на човечкиот живот кој се соочил со трагедија, нагласи бригадниот генерал Павле Арсовски.

Акцијата претставуваше завршен практичен тест на четиринеделната обука за животоспасувачи на припадници од единиците на АРМ и волонтери од ЦК која се изведуваше во центарот за медицинска обука во воено медицинскиот центар на АРМ.