Живот
18. August 2021 - 16:41

Вевчански фестивал на народната култура

Вевчани деновиве во духот на фестивалот на народна култура Пображење. Местото населбата под падините на Јабланица останува достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, а токму и оваа манифестација е само уште една потврда за богатото македонско културно наследство.

Фестивалот има посебно значење затоа што покрај збогатувањето на културниот живот овозможува континуиран развој и негување на фолклорната традиција во државата, а истовремено претставува и одличен придонес во проширувањето на туристичката понуда во Вевчани во летниот период.

Куд Дримкол брои околу 150 членови на возраст од 6 до 60 години.

Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на  19 август со етно звуците на македонскиот народен оркестар „Осоговски Извор“ - Оризари, Кочани и настап на КУД „Соко“ - Инџија, Р Србија.