Бизнис
19. November 2016 - 20:10

Вевчани со нови понуди за повеќе туристи

Вевчанските извори сместени на источните падини на планината Јабланица претствуваат туристичка атракција. Со изградба на паркинг просторот ,поставување на канделабри ,клупи за седење уредување на овој простор, изградба на шеталиште на Вевчанска река во автентичен стил од дрво и камен ќе се привлекуваат што поголем број на домашни и странски посетители.

Вевчани и во овој период од годината е на мапата на туристите ,англиски и тур оператори од Иран  кои сакаат да носат поголеми тури деновиве беа воодушевени од природните убавини .

Во Вевчани се уредуваат и улиците ,просторот околу спортско образовниот комплекс кој ќе добие и  амфитеатар а дополнителна атракција за туристите кои доаѓаат е и единствената активна воденица која што се наоѓа во близина на изворите.