Македонија
29. July 2020 - 12:28

Вевчани празно додека во Охрид се бара место повеќе

И додека во Охрид деновиве се бара место повеќе во сместувачките капацитети Вевчани празно.Само мал дел од апартманите кои нудат ваучери за туризам се исполнети. Градончалникот Јанкоски вели дека и покрај тоа што планинското место сместено под падините на Јабланица е идеално за овој период поради пандемијата сепак сликата ова лето е сосема поинаква.

Угостителите се жалат дека поради состојбата со корона вирусот познатите етно ресторани се слабо посетени од туристите.

Инаку чистиот планински воздух и вода во спој со традиционалната храна изминативе години беа магнет за илјадниците гости од сите краеви ширум светот кои викендите ги минуваат во Вевчани.