Македонија
23. јуни 2019 - 19:22

Вевчани - инспирација за ликовни уметници

Вевчани останува неисцрпна инспирација за врвните уметници. На овогодинешната јубилејна десетта меѓународна ликовна колонија Вевчански видувања 35 уметници од земјава и светот ќе творат под паднините на Јабланица воодушевени од природата ,изворите и старата архитектура.

Вевчанска ликовна колонија претствува  спој на уметноста и природата а врвни уметници со своите дела ја промовираат нашата земја  и Вевчани ширум светот.

Инаку досега на оваа културно уметничка манифестација имаат земено учество над 150 ликовни уметници од државата и странство.