Македонија
28. November 2021 - 16:33

Вевчанци сеуште не се запознаени со новиот проект за изградба на современ ски центар на Јабланица

Вевчанци сеуште не се запознаени со новиот проект за изградба на современ ски центар на Јабланица. 

Градоначалникот Кочовски вели дека за ваквата идеја дознал од медиумите физибилити студијата која ја имаат тие како општина за изградба на ски центар и онаа која неодамна беше најавена од Агенцијата за странски инвестиции и промоција се разикуваат.Тој потенцира дека граѓаните преку референдум ќе одлучуваат дали се за или против градење на модерен ски центар.

Од невладината Охрид СОС се против новиот проект кој предвидува изградба на  хотели бидејќи како што велат ќе се уништи природното наследство и јавните добра во интерес на граѓаните.

Новиот проект предвидува изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри, 21 километар скијачки лифтови ,два резервоари за производство на снег и изградба на хотели. 

Ваков сличен проект беше изработен и пред неколку години кој предвидуваше викенд населба и хотели кај месноста Јанков камен над Вевчани но до денес не се реализира.