Македонија
15. January 2021 - 16:43

Ветувањето за докупот на стаж за пензија без рок за реализација

Неизвесно е кога ќе може да се докупи стаж за пензија. Иако во предизборието беше ветувано дека работници кои имаат помалку од пет години до пензија ќе можат да си го докупат стажот, министерката за труд вели дека за ова ветување никогаш не било кажано кога ќе се реализира. Не даде детали ниту кога ќе стапи во сила, ниту кој се ќе може да го докупи стажот.

-Реформите кои што се течат, а се со поддршка од Светска банка и се однесуваат на Пензискиот систем си имаат своја временска рамка до почетокот на 2024 година. Што значи, јас не можам да ви дадам конкретни одговори зашто тоа е процес една сериозна дебата, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според Шахпаска, најпрво неопходно е да се направи Централен регистар на осигуреници, но потребни се и други законски измени за да може да се спроведе оваа мерка.

Исто така, Законите врзани за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години се закочени во Собранието.

-Законот работни односи, Законот за административни службеници, Законот за здравствена заштита и Законот за високо образование се блокирани од страна на опозицијата со по 400-500 амандмани, вели Шахпаска.

Сепак, Шахпаска не одговори конкретно дали задолжителното пензионирање веднаш ќе стапи во сила откако ќе бидат донесени Законите, или тоа ќе биде врзано со календарска година.