Македонија
11. December 2019 - 18:17

Ветинг во судството по изборите

Ветингот во судството ќе се спроведува по изборите. До тогаш владта ќе обезбедува дво-третинско мнозинство, но и ќе бара начин како да се спроведе проверката на имотот и интегитетот на судиите и јавните обвинители. Министерката Дескоска вели дека во игра се повеќе опции, едната е преку формирање на заедничка комисија која ќе испитува повеќе апсекти, другата е ветингот да се врши преки активности на повеќе институции.

Мора да бидеме свесни дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство, а тоа како и дебатата за ова прашање не може да се заврши пред изборите. Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 посто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите  изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Во исто време, првиот човек на Советот на јавни обвинители предупредува дека со ветингот може да се прекрши УСтавот. Колевски потенцира дека овој процес треба да се спроведе внимателно за да не ја наруши  независноста и самостојноста на јавното обвинителство.

Според Колевски државата и сега има механизми да го контролира имотот и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители преку Финансиската полиција и антикорупциската комисија, а евентуалното постоење на корупција во судството значи дека овие институции не си ја завршиле работата.