Кошарка
2. January 2021 - 14:48

Ветеранот Кармело Ентони го мина Данкан на вечната листа стреци во НБА

Центарот на Портланд, Кармело Ентони, имаше ноќ за паметење во НБА лигата, искачувајќи се на 14. место на вечната листа на стрелци во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во ноќта меѓу петокот и сабота, 36-годишниот Ентони уфрли 18 поени во триумфот на Портланд на гостински терен над Голден стејт (123:98) и со 26.499 поени во кариерата го мина легендарниот Тим Данкан на вечната листа на најдобри стрелци во НБА.

НБА резултати:

Шарлот – Мемфис 93:108

Далас – Мајами 93:83

Детроит-Бостон 96:93

Бруклин – Атланта 96:114

Милвоки – Чикаго 126:96

Минесота – Вашингтон 109:130

Сан Антонио – ЛА лејкерс 103:109

Денвер – Феникс 103:106

Јута – ЛА клиперс 106:100

Голден стејт – Портланд 98:123.