Кошарка
1. јуни 2021 - 9:18

Вестбрук се искачи на третото место во по број на остварени трипл-дабл во НБА плејофот

 Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, му помогна на својот тим да избегне метла во серијата од првото коло против Филаделфија со трипл-дабл на четвртиот натпревар. Визардс ноќеска победија со 122:114 и намалија на 1:3 во серијата прв до четири победи.

Вестбрук средбата ја заврши со 19 поени, 21 скок и 14 асистенции. За него ова беше 12-от трипл-дабл во плејофот. Тој се најде на третото место во историјата за оваа статистичка категорија.

Во текот на сезоната 2020/21, Вестбрук го надмина легендарниот Оскар Робертсон и стана лидер во трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната.

Најуспешни во плејофот се Меџик Џонсон со 30 и Леброн Џејмс со 28 остварени трипл-дабл.