Кошарка
16. October 2018 - 9:08

Вестбрук неизвесен за стартот на новата сезона во НБА

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук може да го пропушти првиот дуел на неговиот тим во новата сезона од НБА лигата.

На ден пред натпреварот со шампионот Голден Стејт, се уште нема официјална потврда дека ѕвездата на Оклахома го надмина проблемот со повреденото колено и неизвесен е неговиот настап.

Десното колено на Вестбрук е подложно на повреди. Пред еден месец тој по четврти пат го оперираше истото колено.

Натпреварот Голден Стејт – Оклахома Сити се игра ноќта меѓу вторник и среда во 4:30 часот по средноевропско време.