Џет-Сет
28. јуни 2016 - 20:45

Веста за Марија Шерифовиќ ќе ве растажи: Пејачката сериозно повредена на сцената!

Марија Шерифовиќ е принудена да го откаже концертот во Подгорица поради повреда.
 
Пејачката требала да настапи во црногорскиот главен град на 30. јуни, но организаторите денеска објавија дека концертот е откажан бидејќи пејачката пред две вечери, на концерт во Дизелдорф паднала и ја обновила старата повреда на вратот.
 
Пејачката и мсе извини на фановите и истакна дека во првата можност таа ќе настапи во Подгорица.
 
- Жал ми е што се случи ова и што поради моите пшовреди страдаат и моите фанови. Но, најважно е што повредата се среди, а ние ќе се видиме кога ќе биде малку поладно, во октомври или ноември. Ве сака Марија, - порача пејачката.