Loading Video...
Фудбал
2. July 2020 - 16:06

Вест Хем славеше над Челзи во меч со пет гола

 
 
Супер ефикасен дуел исполнет со пет голови и пресврти одиграа лондонските ривали Вест Хем и Челзи. 
 
Иако со голот од пенал на Вилиан во 42.минута тимот на Челзи поведе прв, сепак во судиското надополнение на првиот дел (45+2) Чехот, Сучек го израмни резултатот. 
 
По само шест минути игра во второто полувреме (51.минута) домаќините поведоа со 2:1 со погодокот на Антнио, но во 72.минута со својот втор гол на мечот израмни Вилиан. 
 
Во самиот финиш односно 89.минута Украинецот, Јармоленко беше стрелец на третиот гол за Вест Хем за победа од 3:2, со која популарните „чекани“ освоија значајни три бода во борбата за опстанок во Премиер лигата. 
 
Вечерва пак на стадионот „Етихат“ од 21 часот и 15 минути започнува големото дерби во кое минатогодишниот првак Манчестер Сити ќе треба да им честитаат на новите шампиони фудбалерите на Ливерпул, кои за разлика од лани кога ја изгубија трката за титулата за еден бод, годинава се убедливо пред конкурентот со над дваесет бодови предност.