Loading Video...
Фудбал
24. October 2020 - 15:28

Вест Хем и Манчестер Сити одиграа без победник 1:1

Во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лига екипите на Вест Хем и Манчестер Сити одиграа без победник 1-1.
 
Домаќините поведоа со прекрасниот гол на Антонио уште во 18.минута, предност која популарните „Чекани“  предноста ја сочуваа се до 52-та минута. 
 
Откако Гвардиола на полувремето реши на местото на Агуеро да го уфрли Фил Фоден тоа му се покажа како вистински потег бидејќи 20-годишниот напаѓач по само шест минути игра успеа да се запише во листата на стрелците и да го израмни резултатот на 1-1. 
 
Со по еден освоен бод и двата тима сега имаат вкупно по осум, а се наоѓаат на средината на табелата односно Вест Хем е десетти, а  веднаш зад него, со натпревар помалку е Манчестер Сити 
 
Инаку ова беше дуел од 6-тото коло во кое дербито се игра попладнево и тоа на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед го пречекува Челзи