Џет-Сет
26. April 2018 - 15:26

Весна Петрушевкса емотивна за првата средба со синот Кирил

Полуматурата на Весна Петрушевска, Кирил беше причина актерката да сподели две фотографии. Едната на која Кирил е мал и го гушнал кадифеното мече Вини Пу, кога Весна за првпат го сретнала, а на другата фотографија е Кирил пораснат, фотографиран за табло како полуматурант.

„Лево е Кирил кога се сретнавме, не го даваше Вини Пу, десно е Кирил кој денеска се сликаше за полуматура. Искрено, без никакви патетики, ама цел живот ми е... златно дете. Како баба ми се почувствував денеска, му велам 'Гледај факултет заврши'", вели Весна Петрушевска.

Актерката е мајка на Мина и Кирил, деца кои ги посвои и за кои вели дека се нејзина најголема љубов и центарот на светот.