Македонија
26. October 2021 - 9:15

Весковски: Предвидена е изградба на две нови детски градинки во Карпош

Предвидени се две нови градинки и проширување и реновирање на постоечките капацитети, со цел подобрување на условите за вработените и дечињата што се згрижени во нив, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ, Душко Весковски.

-Новите детски градинки се предвидени на две локации – едната во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“. Двата објекти ќе бидат од по 1480м2, на два ката со можност за згрижување од 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места, вели Весковски.

Според него, реализацијата на овие проекти ќе го подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тој додаде дека градинките ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности.