-->
-->
Вештачка интелигенција ќе помага при дијагностицирање Ковид-19 во Русија
-->
Руски научници создадоа вештачка интелигенција која ќе им биде од помош во дијагностицирањето корона вирус кај луѓето.
Како што пишува „РТ“, повикувајќи се на Националната технолошка иницијатива (НТИ), платформата „Антикорона“ ќе биде една од можностите на услугите во облак.
Користејќи алгоритми на вештачка интелигенција, таа ги анализира снимките добиени со компјутерска томографија, магнетна резонанца и позитронска емисиска томографија, им помага на лекарите во поставувањето дијагноза и предлага план за лекување за секој пациент.
Развојните програмери објаснуваат дека можностите на оваа технологија се и пошироки. Таа може да им помогне на лекарите да дијагностицираат цела низа болести на градниот кош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска