Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците
Со испрашување на вешти лица кои извршиле повеќе вештачења денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година.
Во судница за денешното рочиште се повикани десетина вешти лица.
Судијата Огнен Ставрев на почетокот на рочиштето објасни дека од возилото Опел Омега од претходна постапка има шест фотографии, на една од тие има клуч во бравата за стартување на моторот, додека на минатото рочиште при увидот не можеле да влезат и морало да крим техничар да го отвори.
– Судот ги најде записниците со наредба за чување и преземање и најден е записник од судот на претходна постапка каде стои дека нема клуч. Ќе направиме се да се најде тој клуч за транспарентноста на процесот, рече Ставрев.
Адвокатите пред почетокот на рочиштето реагира на сведочењето на заштитениот сведок и побараа да се стави во записник дека се сомневаат во веродоатојноста на исказот.
Вештото лице Снежана Николовска, истражувала траги од земја од самото место и од возилото. Рече дека останува во целост на тоа што го кажала за вештачењето на претходна постапка.
– Беше доставена земја од повеќе локации на местото на настанот. Лично земав земја од возилото Опел омега кое беше во МВР. По споредбата, анализите покажаа дека земјата од браниците и земјата земена до едно од мртвите тела се совпаѓа. Се совпаѓа по боја, гранулација и состав, рече вештото лице.
Кажа дека земјата од Вражји вир, каде било најдено возилото и земјата од Смилковско Езеро се разликувала во елементарниот состав и бојата.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри