Балкан
20. December 2018 - 9:36

Весели: Укинувањето на таксите зависи од однесувањето на Србија

Укинувањето на таксите од 100 проценти за увоз на српски производи во Косово, ќе зависи од однесувањето на Србија, изјави синоќа претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Во изјава за КТВ, Весели нагласи дека токму тој го советувал косовскиот премиер Рамуш Харадинај за зголмување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина од 10 на 100 отсто, дидавајќи дека засега нема промена на таквата одлука.

– Европската унија мора да ги третира двете страни на ист начин, а не да врши притисок во Приштина, нагласи Весели, осврнувајќи се на барањата на Брисел за укинување на таксите.

Претседателот на косовското Собрание призна дека политиката на блокади не е рационална, но нагласи дека таквата пракса Србија ја применувала долго време „без да ги почитува граѓаните, стоките, енергетиката, прашањето за документите, а тука се и блокадите на членство на Косово во меѓународните органзиации“.

Весели истакна дека косовскиот претседател Хашим Тачи има „уставна улога во дијалогот“ меѓу Белград и Приштина, но потенцираше дека секој постигнат договор во преговорите ќе мора да биде одобрен од Собранието на Косово.