Балкан
5. August 2019 - 18:18

Весели: Распуштањето на Собранието му дава можност на претседателот Тачи да одреди датум за избори

Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели, по денешната одлука на собраниското Претседателство за свикување седница за 22 август за самораспуштање на Собранието, изјави дека оваа одлука му дава можност на претседателот на државата Хашим Тачи да го одреди датумот на предвремените избори,јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели изјави дека на денешната седница со претставниците на пратеничките групи е постигнат консензус кој е во интерес на граѓаните.

– Распуштањето на Собарнието му дава можност на претседателот автоматски да го одреди датумот на изборите. Сум го кажал и претходно, го кажувам и денес, единственото решение се изборите. Тие не се само опција или алтернатива, туку се неопходната одлука за граѓаните, изјави Весли.

Честитајќи им на граѓаните за новите избори, тој порача дека Собранието пред нив го покажа своето достоинство.

– Ние го знаеме датум на распуштањето на Собранието и, иако е тоа надлежност на претседателит, има рок од 30-45 дена од тој датум до одржувањето на изборите, изјави Весли.

Одлуката за самораспуштање на собранито и, следствено, одржување вонредни избори, уследи по минатомесечната оставка на премиерот Рамуш Харадинај, кој се повлече од фукцијата поради поканата да се јави во Хаг, пред специјалниот суд за воени злосторства во Косово, во свосјство на осомничен, како еден од водачите на поранешната Ослободителна војска на Косово.