Весели: ПДК е подготвена за вонредни избори, набргу ќе се одреди датумот
Лидерот на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека по вчерашната оставка на премиерот Рамуш Харадинај, вонредните избори во земјата се неминовни и дека неговата партија е подготвена за нив, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели на прес конференција, веднаш по враќањето од Соединетите Американски Држави, каде престојуваше во официјална посета, рече дека сега партиите ќе седнат да го договорат датумот кога ќе се одржат изборите.
Тој рече дека оставката на Харадинај од премиерската функција е лична одлука, за која тој од коалициониот партнер не бил запознаен пред таа да биде јавно соопштена.
– Одлуката на поранешниот премиер за оставка е лична одлука и како таква ја прифативме, без оглед на тоа што претходно немавме никаква најава, ниту пак бевме консултирани. Сега веќе предвремените избори се неминовни, а ПДК е подготвена за нив, кога и да се закажат тие. За нивниот датум ќе одржиме консултации и со коалициските партнери и со другите политички партии, согласно Уставот и законите кои се на сила, изјави Весели.
Тој апелира до граѓаните на Косово да не се вознемируваат поради поканите од страна на Сепцијалниот суд за воени злосторства во Хаг упатени до водачи и припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и изрази уверување дека и во оваа прилика ќе се докаже дека, како што рече, борбата на ОВК беше чиста и правична.
Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, до сега повика неколку поранешни челници и припадници на ОВК во својство на осомничени и сведоци. Вчера беше објавено дека е повикан Харадинај, кој поради тоа поднесе оставка од премиерската функција, изјавувајќи дека пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово. Денеска и првиот претседател на косовското Собрание по војната и портпарол на ОВК во 1998-99 година, Јакуп Красниќи објави дека добил покана на 24 јули да се појави пред трибуналот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка