Loading Video...
Свет
11. January 2018 - 16:37

Весели- Косово нема моќ да го стопира Специјалниот суд

Специјалниот суд за воени злострорства на ОВК  е многу штетен за Косово , но сепак тој ќе проработи. Косовската држава нема мок да го спречи тоа  изјави претседателот на косовското сорбание Кадри Весели. Западните земји инсистираат на  формирање на судот  пред кој ќе бидат разгледани случаите што произлегуваат од извештајот на Специјалниот истражен тим на ЕУ за време и по воениот   конфликтот на Косово 1998 -1999 година.

Крадци  од луксузниот хотел риц во париз однеле накит вреден 4,5 милиони евра

Француската полиција упаси тројца  од  петмината мажи кои синоќа украле накит  вреден 4, 5 милиони евра од парискиот хотел Риц. По останатати двајца интензивно се трага. Маскираните крадци вооружени со пиштоли и  секири го одзеле накитот откако ги искршиле витрините во хотелот во кои бил изложен.

-Видов маскирани мажи со пиштоли. Моја единствена цел беше да побегнам. Мислев дека е напад, но не беше. Трчавме на сите страни, раскажува очевидиец.

Разбојниците побегнале со скутери  а за кратко време  биле уапсени тројца.

Се зголемува борјот на загинати во поплавите и свлечиштата во Јужна Калифорнија

Расте бројот на жртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во  Јужна Каролина предизвикани од поројните дождови. Црниот биланс според последните информации се искачил на  17 загинати.  Интензивно се трага по 13 лица.  Поплавите и свлечиштата целосно уништиле  над 100 објкети, а штета предивикале  на уште  300.

ЕУ и Русија го повикаа САД да не откажува  од договорот со Иран за неговата атомска програма

Утре ќе се знае дали САД ќе ги продолжи економските санкции  против  Иран и со  тоа ќе изглезе од меѓунаордниот договор за иранската  атомска програма. Според договорот од 2015 година, Иран доби олеснување на  меѓуанрондите санцкии  а за возврат се согласи да ја замрзне својата нукеларна  програма за петнаесетина години. Според ЕУ и Русија , Иран се држи до договореното, но американскиот претседател ТРамп не мисли  така. Трамп да размисли пред да ја донесе одлуката апелираа денеска  високиот претсавник на ЕУ за надворешни работи Могерини и пефот на руската дипломатија Лавров.