Живот
30. May 2018 - 10:09

Весел Мексиканец направи шоу на аеродромот во Москва: Се соблече гол и како од мајка роден заигра канкан на Шереметјево

Патник од Мексико направи несекојдневно шоу на московскиот аеродром Шеремтјево.

Се соблече гол и како од мајка роден заигра канкан.
 

Камерата го сними шокираниот полицаец како му приоѓа и го убедува да се облече.

„Што правиш овде? Облекувај се!“, му вели полицаецот на руски. Иако не го разбра јазикот, голиот Мексиканец ја сфати пораката и почна да се облекува.

Што му се случи, веројатно никогаш нема да дознаеме, ама извесно е дека момчето е уапсено.