Loading Video...
Ф1
20. јуни 2021 - 16:48

Верстапен пред Хамилтон на француското Гранд-при

Како и што се очекуваше, така и мина денешната трка во Формула 1 шампионатот возена на патеката „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција. 
 
Возачите на Ред Бул и Мерцедес кои започнаа од првите два стартни редови, водеа голема битка која на крајот му припадна на Холанѓанецот, Макс Верстапен од Ред Бул кој заврши прв пред Луис Хамилтон од Мерцедес. 
 
Место на педесталот обезбеди и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез додека Валтери Ботас од мерцедес на крајот заврши како четврто пласиран. 
 
Во Генералниот пласман, лидерот Верстапен сега ја зголеми предноста на 12 бодови во однос на конкурентот Хамилтон. Така Холанѓанецот сега има 131, а Британецот 119 бодови, додека „далеку“ зад нив на третото место е Перес со 84 бодови. 
 
Следните две трки ќе се возат на на 22 јуни и 4 јули, на патеката „Ред Бул Ринг“ во Спилеберг каде на програмата се Гранд-принто Стиријан и на Австрија.