-->
-->
Верстапен победи во Монца и постави рекорд во Формула 1
-->
Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа денеска рекордната 10. победа во серија во Формула 1, триумфирајќи на патеката во Монца за Големата награда на Италија.
За Верстапен ова е 12 победа оваа сезона и вкупно 47 во кариерата, со која ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Триумфот на Верстапен, воедно, ја издвои Ред Бул како прва екипа во историјата со 15 победи во низа во Ф1.
Второто место во Монца го освои клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перез, а на подиумот се искачи и возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој ја почна трката од пол-позицијата.
Следната трка се вози на 17 септември за Големата награда на Сингапур.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Османи: Следната мисија на партијата е претседател на државата
-
Мицотакис свика вонреден состанок за спортското насилство
-
Сакале да прикријат возило со кое момче удрило пешак, уапсени две лица
-
Малолетник фатен со марихуана во Карпош
-
МОН: Финансиска помош за ученици и студенти од новиот пакет антикризни мерки
-
МТСП: Усвоен предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани
-
Инфлацијата во Албанија во ноември 3,9 отсто
-
Вучиќ, Алиев и Радев утре ќе го означат почетокот на работата на интерконекторот Србија - Бугарија