Loading Video...
Ф1
8. November 2021 - 11:49

Верстапен ја зголемува предноста над Хамилтон во трката на шампионската титула

Холанѓанецот, Макс Верстапен е се поблиску до шампионската титула во Формула 1 првенсвото. Возач на Ред Бул, Макс Верстапен победи на 18-тата трка сезонава, што се возеше за Големата награда на Мексико.
 
Иако Верстапен стартуваше зад болидите на Мерцедес, сепак уште на првиот свиок успеа да ги мине Хамилтон и Ботас и до крајот на трката само да ја зголемува разликата, па прв да ја мине целната рамнина, пред Хамилтон и пред својот тимски колега Серхио Перез кој стана првиот Мексиканец кој се искачил на победничкиот подиу во Мексико Сити.
 
Со својата девета победа сезонава Верстапен кој е лидер во Генералниот пласман сега има 19 бодови  повеќе од актуелниот свески првак и единствен конкурент за титулата Луис Хамилтон. 
 
До крајот на актуелната Ф1-сезона има уште четири трки, а следната е веќе претстојниот викенд, кога ќе се вози бразилското Гранд-при.