Македонија
15. April 2016 - 17:49

Верските заедници повикуваат на дијалог, смиреност и воздржаност

Актуелната политичка состојба беше главна тема на заедничката средба на лидерите на верските заедници во Македонија, од која упатија апел за конструктивен дијалог, смиреност и воздржаност од дејствија кои се штетни за државата и граѓаните на Република Македонија.

Тие изразија загриженост поради зачестените појави на ксенофобија, антисемитизам, исламофобија и христијанофобија, како и омраза на говор – насочени против припадници на одредени верски заедници и ентитети, но и воопшто.

- Загрижувачка е и претставува основа за дискриминација и насилство и појавата на изедначување на оние кои, узурпирајќи одредена религија, сеат терор, убиваат и шират радикализам, со оние кои се искрени припадници на истата религија, оценија поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници.

На средбата во Скопје се разгледаа и повеќе аспекти од религиозниот и општествениот живот во државата.