Македонија
12. March 2020 - 16:54

Верските заедници апелираат верниците да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирусот

Најголем број  верски објекти ширум земјава нема да ги затворат вратите за верниците но апелираат да се почитуваат мерките од здравствените власти . Светиот архирејски синод на МПЦ- ОА донел одлука во црквите и манастирите каде има редовни посети да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената. Православната црква и понатаму ќе продолжи со служење на светата причест  но оние кои се болни ги советуваат да се воздржат од причестување. Истото важи и за целивањето на иконите бидејќи нема правило како верниците треба да  оддаваат  почит кон светците, тоа можат да го сторат и со поклонување.

И Муслиманите во Македонија самите ќе  одлучат каде ќе се молат. Ставот на Исламската верска заедница е дека засега ќе биде прекината наставата во медресата „ Иса Бег и на Факултетот за исламски науки во Скопје. Овие одлуки и препораки тие веднаш ги истакнале по препораките од Владата.

„И во минатото имавме многу различни болести, зарази па дури и чума но, не се сеќаваме дека џамиите биле некогаш затворени. Молитвата е лична, индивидуална за секој верник и цениме дека самите луѓе треба да бидат совесни дали ќе одат во џамија, или ќе се молат дома . Секако тие ќе го изберат начинот како ќе се поврзат со Бога“.

Католичката црква пак ги повика сите пароси и монашки заедници во наредните 14 дена да ги прекинат веронаучните состаноци и сите форми на активности и собири на деца и млади, како дел од мерките на превентива поради ширењето на коронавирусот.

Инаку на денешната седница  Синодот одлучи да ги прекине сите судски процеси кои се водеа за црквата Св Петка во Австралија и со тоа да две ипол деценискиот спор.

Светиот синод по оваа одлука очекува поголем мир и спокојство помеѓу православните Македонци во Австралија.