-->
-->
Верона ремизираше со Интер
-->
Калчолигашот Интер повторно има многу мака да стигна до бодови во Серија А. Водеше со 2-1 се до 86 минута во „градот на љубовта“, против Верона, но на крај мораше да се задоволи само со бод, мечот заврши 2-2.
Студен туш за „нероазурите“ уште незагреани. Во втората минута, Данко Лазовиќ се проби по левата страна, го издрибла Шкрињар и биеше од мртов агол крај немоќниот Хандановиќ.
До крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку прецизни удари, но мрежите мируваа.
На полувремето Конте имал што да им каже на своите играчи, па веднаш по судискиот свиреж, играчите во „сино-црна“ комбинација тргнаа фуриозно кон голот на Силвестри.
И тоа вроди со плод. По една мешаница, во 49 минута, во шеснаесетникот на Верона, најпрво Лукаку биеше во стативата, па Кандрева ја смести топката во мрежата.
Само 6 минути подоцна, Интер прави целосен пресврт, помалку среќно. На една нафрлена топка од десната страна, Димарко интервенираше неспретно и топката ја сврте зад грбот на својот голман за 1-2 на семафорот.
По водството, Интер „нагази“ на топката, ги неутрализираше сите напади и кога се чинеше дека бодовите ќе патуваат за Милано, Велосо со шут од срцето на казнениот простор во 86 минута погоди за 2-2
Сега Интер е дури четврти на табелата, на -10 од лидерот Јувентус, на -3 од второпласираниот Лацио и на -1 зад третопласираната Аталанта
Верона, пак, останува на деветтата позиција, без поголеми шанси да се вмеша во борбата за излез во фудбалска Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка