Македонија
21. November 2015 - 14:02

Верниците од кумановско масовно го прославија празникот Собор на Свети Архангел Михаил

Православните верници од кумановско, денеска масовно ги посетија црквите и го одбележаа празникот Собор на Свети Архангел Михаил. Во новозиградената црква посветена на Архангелите Михаил и Гаврил во населбата Карпош во присуство на голем број верници се одржа литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г.Јосиф .

Голем број верници во кумановско го празнуваат Архангел Михаил како семејна слава. Најголем дел од нив денеска пресекоа славски колач, се причестија и зедоа осветена вода.

Во кумановско овој празник се смета за заштитник и на месарите и касапите. Празникот е востановен во четвриот век и се празнува на 21 ноември според новиот или осми ноември според стариот календар.