Македонија
15. April 2016 - 17:26

Верижна сообраќајка во Автокоманда

Верижен судир се случи во попладневните часови околу 15 и 40 часот, на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда во кој учествуваа десетина автомобили

Оштетени се шест возила од Скопје, Биттола, Свети Николе и Куманово.

Според првичните информации повредени се две лица, едното е пренесено во ГОБ Наум „Охридски“, а другиот во Ургентниот центар.

Увидот е во тек.