Македонија
4. January 2016 - 22:33

Верижна сообраќајка од 14 автомобили на патот Градско - Велес

Верижен судир во кој учествувале 14 возила се случи попладнево околу 18:45 часот на автопатот Градско-Велес.

Според првичните информации нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.

Сообраќајот на овој дел е во прекин за сите видови возила и истиот се пренасочува по спореден пат само за патничките возила, информираат од АМСМ.

Полицијата е на терен и врши увид.