Свет
14. February 2016 - 9:19

Верижен судир на околу 50 возила во Пенсилванија

Најмалку 40 лица се повредени синоќа во верижен судир на околу 50 возила на автопат во американската сојузна држава Пенсилванија.

Како што јави Би-Би-Си, несреќата се случила на околу 120 километри северозападно од градот Филаделфија.

Според болнички извори, тројца од повредените во несреќата се наоѓаат во критична сосотјба.

Прична за судирот е лизгавиот пат на кои имало наноси од снег во услови на студено време.